Хотелите долж oхридското и струшкото крајбрежје се празни.
Велат гости нема, а нема ниту субвенции од државата, работат со загуба и не знаат како да опстанат. Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски вели дека голем дел од хотелиерите им исплаќаат на вработените по 70 проценти од платата, а како што нема прилив на пари, можно е за кратко време и тие пари да не им ги исплаќаат, по што би следувало отпуштање од работа.
Затоа се надеваме дека пандемијава веќе ќе помине, затоа што најмногу се одрази на секторот туризам. Во моментов има барања за субвенции, но мислам дека нема средства, барем да се покријат платите на вработените за да не се отпуштаат вработените. Мора да се направат напори за добивање на помош – вели Блажевски.
Сега е период кога странските туристи се заминати, а празници во скоро време нема за да може да има барем дел од гостите од дијаспората. Се очекуваат туристи околу Нова година од 15 декември до 15 јануари, како и дел од гостите од дијаспората.
Од околните земји немаме некоја атракција и со оглед дека уште ја имаме пандемијата секаде, високите бројки на Балканот и за овој период, придонесуваат да нема многу движење меѓу туристите во овие држави – вели Блажевски.
Тој потврдува дека странски туристи немаше во посакуваниот број, повеќе беа домашни гости.
– Нормално е дека и тие се пожелни да ги имаме како гости, но не ги имаме во хотелите со четири и пет ѕвезди, бидејќи тие не ја имаат истата куповна моќ како странските. Домашните гости ги имаме во период од 10 јули до 20 август. Останатиот период зависиме од странски гости и тоа може да го потврдиме со девизните приливи ако ги имаме или немаме – додава Блажевски.