Добрите лидери не само што ја насочуваат работата на своите вработени – тие исто така ги инспирираат. Тие им дават мотивација на сите околу нив да го достигнат својот максимум. Исто така поттикнуваат за поголем ангажман и му помагаат на тимот да работи преку предизвикувачки околности. Се разбира, еден од најголемите предизвици за лидерите е да го најдат вистинскиот баланс за да ги добијат најдобрите резултати од нивниот тим, без да стане наметлив или непријатен. Според многу истражувања овие совети се покажале како ветувачки.
1. Исполнете ги основните потреби на вработените.
Едно истражување покажало дека луѓето имаат три основни потреби на работното место и тоа да се чувствуваат безбедно, да имаат чувство на припадност и да чувствуваат дека се од важност. Овие потреби се очигледно важни во нечие секојдневие, но тие можат да бидат исто толку важни и на работниот простор. Кога овие потреби се задоволени, вработените стануваат повеќе ангажирани.
2. Направете заеднички работен простор.
Најинспиративните лидери едноставно не диктираат што треба да се направи. Тие не го гледаат нивниот зборт како последен за било која тема. Тие знаат дека нивните вработени можеби имаат подобри идеи и се доволно разумни за да ги прифатат истите. Не треба да ви изгледа чудно што зголемениот ентузијазам и продуктивноста доаѓаат од поколаборативната работна средина.
3. Развијте ја вашата „центрираност“.
Постојат многу фактори кои можат да помогнат да се постане инспиративен лидер. Всушност, едно истражување од 2017 идентификуваше неколку фактори кои покриваат категории како што се развој на внатрешни ресурси, поврзување со други, водење на тимот и поставување на ритамот на работното место. Меѓутоа, од сите можни фактори е заклучено дека „центрираноста“, состојбата на внимателност и да се биде присутен во сите аспетки е најважна.
Со создавање на подобра работна средина за вашите вработени, користењето на сопствените сили и поткрепување на сите слабости што ги имате, ќе бидете на добар пат да станете вистински инспиративен лидер.