Се одржа Најголемиот регионелен виртуелен саем за вработување на кој преку 150 излагачи од Македонија и регионот се претставија со над 1000 огласи за вработување
Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со партнерите од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik.si - Словенија.
Саемот го посетија повеќе од 400.000 баратели на работа од регионот, а беа собрани речиси 50.000 апликации за работа, што е за 19% повеќе посетители во однос на претходната година. Што се однесува до содржината на саемот и штандовите, тие забележаа над 5 милиони прегледи, што е зголемување за 12% во однос на претходната година.
Најпосетен штанд од изложувачите од Македонија беше штандот на Алкалоид АД Скопје, со скоро 65.000 посети.
Само од Македонија, на саемот оваа година имаше 93.000 посети и поднесоа над 4.650 апликации за работа. Исто така, голем број посетители стапија во директен контакт со работодавачот преку онлајн чет.
Компании кои беа изложувачи од Македонија се: BtoBet, Kiel, Македонски Телеком, Adient Automotive, NLB Banka, Кроација Осигурување, Magna Internacional, Strabag, Алкалоид АД Скопје, Marquardt Macedonia, Apave, Breon, Neptun, Ultrasoft Systems, Lactalis MK, Data Masters, ESI, Ветон Ќоку, aдвокат во соработка со Карановиќ и Партнерс, LTH Learnica, Teleperformance и Vrabotuvanje.com.
Се гледаме на саем во 2022 година!