Проверете си ги сметките: Почна исплатата за МојДДВ за третото тримесечје
Согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица, започна исплата на парични средства за јули, август и септември 2021 година, односно третото тромесечие.
Од Управата за јавни приходи за Нова ТВ велат дека согласно член 8 од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, врши враќање на данокот на трансакциска сметка на физичкото лице по службена должност во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
– Согласно наведеното, Управата за јавни приходи започна со реализација на исплатата на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги кои граѓаните ги скенирале во третото тримиесечје од 2021 година односно во месеците јули август и септември 2021 година, велат од Управата за јавни приходи.