Никола Љушев стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.
Љушев доаѓа во Телеком со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија Групацијата. Последнава година ја извршува функцијата Главен извршен директор на Црногорски Телеком (членка на Дојче Телеком Групацијата), период во кој компанијата за прв пат по шест години прави пресврт во работењето и бележи раст, поради што ќе продолжи истовремено да ја извршува и таа функција.
Пред да се приклучи на Црногорски Телеком, Љушев беше во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како Главен извршен директор на Вип оператор во периодот од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Љушев беше и Главен директор за техника во Космофон од 2003 до 2007. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.
Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон два пати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.
Неговото долгогодишно искуство и експертско познавање на индустријата на телекомуникациите, како и досегашните извонредни резултати и достигнувања беа клучни при изборотот за прв човек на Македонски Телеком и воедно гаранција дека компанијата ќе продолжи со остварување на планираните бизнис цели и понатаму ќе ја предводи дигитализацијата на македонското општество
Кој е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком?
News
-
Со 100 евра едно семејство може да помине цел ден во ски-центарот „Михајлово“ и да ужива во зимски спортови и храна!
Од први јануари започна со работа новиот ски-центар во земјава „Михајлово“, кој се наоѓа на планината Кожуф.
-
Нови законски измени ќе го олеснат ангажирањето на странски работници
Остануваат уште 15 дена за јавноста да поднесе сугестии и коментари на нацрт-законот за изменување и дополнување на Законот за странци, поднесен од Министерството за внатрешни работи (МВР). Овие измени имаат за цел да ја поедностават процедурата за ангажирање на странски работници, особено за потребите на стратешките инфраструктурни проекти како изградбата на коридорите 8 и 10д.
-
Македонија најпривлечна за туристите од Турција, Србија, Грција и Бугарија
Македонија бележи значителен пораст на бројот на странски туристи, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во ноември 2024 година, земјата ја посетиле 66.701 турист, од кои 68.4% биле странски, додека останатите 31.6% биле домашни посетители.
-
И приватниците треба да ги засукаат ракавите: Глобите се од 500 до 1.000 евра!
Снежната покривка во населените места во земјава ги изнесе на терен јавните комунални претпријатија со нивната механизација и веќе два дена се расчистува снегот на улиците низ градовите.
-
Дали 20 јануари е неработен?
Календар со неработни денови за 2025 година
-
Ново поскапување на горивата од полноќ
Цената на горивата се зголемуваат од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.