Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) секој втор понеделник прави корекција на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија.
Денес се очекува да бидат соопштени новите цени кои ќе важат од вечерва на полноќ па во наредните две недели.
Со последната одлука на РКЕ, цените на горивата драстично се зголемија, во просек за 2,57 отсто.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголеми за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,402 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,038 ден/кг.
Имајќи го предвид фактот дека од последната корекција цената на барел нафта на светските берзи се зголеми од 63 долар на 67.30 долари за барел, треба да очекуваме дека корекцијата ќе биде во нагорен правец. Подгответе се за повисоки цени од полноќ.