Постојат многу трикови и состојки со кои можете да ја уништите црната мувла во бањата. Од оцет до вотка – па дури и освежување на вашата бања. Но, сега низ социјланите мрежи кружи еден трик кој навистина е многу ефикасен!
Кога една корисничка на Фејсбук ја сподели својата фрустрација околу црната мувла околу нејзината када, многу луѓе и дадоа различни предлози. Откако добила 130 предлози, таа решила да проба нешто, па следниот ден ги споделила своите резултати.
Таа користела белило (варикина) во која натопила памук кој го оставила во бањата неколку часови. Овој трик навистина функционирал, па многу луѓе започнале да го практикуваат. Некои откриле и дека иако резултатите се драматични, варикината е груба хемикалија која всушност не ја убива мувлата целосно туку само ја избелува.
Ако сакате природна алтернатива, тогаш можете да пробате да користите масло од чајно дрво и масло од каранфилче растворени во шише за вода со прскалка.