Ако работите во секторот програмирање во земјава, во септември годинава сте зеле просечна плата од 75.135 денари. Тоа значи и дека вашата плата пораснала за 12,2 отсто во однос на една година претходно.
Среќник сте и доколку сте ангажирани во дејноста фармација, со просечна плата од 49.188 денари. Сепак, вашите примања се далеку пониски од оние на програмерите, иако добрата вест е дека платата ви пораснала за 4,4 отсто.
Во врат на фармацевтите им дишат оние од воздухопловството, каде просечната плата е 48.294 денари, со тоа што оние на повисоките позиции земаат многу повисоки лични примања. Оваа плата во однос на една година претходно пораснала за 14,7 проценти.
Банкарите традиционално со солидни плати, имаат во септември просечна плата од 46.716 денари, и притоа овде не влегуваат бонусите што си ги делат менаџерите на банките. Послаб пораст на платите, само 1,4 отсто во однос на една година претходно.
И, стручноста по се изглед почнала да се исплатува во земјава, па вработените во секторот стручни дејности земале во септември просечна плата од 45. 293 денри, што е раст од близу 10 отсто во однос на претходната година.
Статистика објави дека во септември годинава просечната плата во земјава изнесувала 28.869 денари, што е зголемување за 5,3 отсто во однос на истиот месец минатата година.