Сте се запрашале зошто најситните бонбончиња, колачиња, гуми за џвакање, запалки… Сите стојат на самиот почеток на гондолата на касата?
Секојдневно одиме во продавница или шетаме по маркети, купуваме домашни набавки, редовни намирници и ситници што ни требаат дома. Додека шетаме и разгледуваме по рафтови, барајќи тоалетна хартија, храна за миленици, веројатно не сме ни свесни со какви се „мали измами“ се служат продавниците за да ве задржат што подолго и да ве „натераат“ да купите уште нешто…
Освен ова, во голем број супермаркети, па и во маалските продавнички просто нема дневна светлина, ниту прозорци. Ќе се запрашате зошто е така. Логичниот одговор кој не е ни трик е просто прагматичен – доколку производите кои се ставени на рафтови на кои влегува дневна светлина или директно сонце, постои ризик да се расипат и со тоа маркетот да се изложи на голем трошок и губиток во текот на топлите месеци.
Другиот одговор е токму трикот за кој зборуваме – а тоа е да не можете да гледате што се случува надвор и да бидете фокусирани на купувањето. Сетете се последен пат кога купувавте нешто од некаде… Имаше ли прозорец објектот?
Сигурно не.
Често пати, рафтовите на кои сме навикнати да „наминуваме“ за да си ги купиме честите намирници, одеднаш ги снемува. Хах. Не баш. Продавниците и супермаркетите ги менуваат позициите на рафтовите и цели гондоли производи токму поради следнава причина – да свртите уште еден круг додека да го најдете она што го барате. Сигурно по пат ќе купите уште нешто.
Сте забележале дека цените со намалување секогаш се во некоја „алармирачко“ портокалова или црвена боја? И тоа не е случајно. Бихејвиоралната психологија вели дека боите имаат силна одлука врз човекот, особено кога се работи за ваков тип, секојдневно бирање на овој или оној продукт. Кога би била бојата нежно розова, нежно сина или зелена, сигурно не би посегнале да видиме дека киселите краставички се на намаление. Интензивно портокаловата или црвена боја на насловите за попуст или распродажба, го намамуваат вашиот мозок дека „таму лежи добра зделка“.