Промените во социјалниот, политичкиот и економскиот систем, кон кои ќе тежнеат во претстојниот период, а кои се однесуваат и на Македонците коишто живеат во дијаспората доаѓаат на голема врата. Според податоците на Евростат, во јануари 2019 година имало 102,052 македонски државјани коишто живеат во Германија.
Една од најголемите најавени промени е зголемувањето на платата. Конкретно, станува збор за зголемување на минималецот и тоа од 9,6 евра на час, колку што сега изнесува, на 12 евра на час. Ова практично значи дека, на пример, еден градежен работник кој моментално заработува околу 2,650 евра месечно, би можел да заработи и до 662 евра повеќе, односно 3,312 евра. Помалку платените работници, како оние во угостителството кои сега заработуваат во просек по 1,800 евра, во иднина би заработувале до 2,250 евра.
Германскиот завод за статистика редовно ги објавува податоците за платите. Во продолжение можете да ги погледнете последните достапни податоци за просечните плати по занимања, со кои нашите гастарбајтери најчесто се бават и нивното потенцијално зголемување со измени на минималната цена на трудот.
Градежништво
- Ѕидар 2,900 евра/ по ново 3,625 евра
- Тесар 2,700 евра/ по ново 3,375 евра
- Керамичар 2,660 евра/ по ново 3,325 евра
- Молер 2,350 евра/ по ново околу 2,930 евра
Здравство
- Медицинска сестра 2,600 евра/ по ново 3,250 евра
- Масер 2,450 евра/ по ново околу 3,062 евра
- Негувател на стари лица 2,350 евра/ по ново околу 2,937 евра
- Физиотерапевет 2,070 евра/ по ново 2,587 евра
- Доктор 6,600 евра/ по ново 8,250 евра
Индустрија
- Раководител на производство 4,500 евра/ по ново 6,625 евра
- Електротехничар 3,460 евра/ по ново 4,325 евра
- Техничар за електроника 3,140 евра/ по ново 3,925 евра
- Заварувач 3,000 евра/ по ново 3,750 евра
- Работник во производство 2,500 евра/ по ново 3,125 евра
- Автолакер 2,560 евра/ по ново 3,200 евра
Транспорт
- Возач на камиони 2,400 евра/ по ново 3,000 евра
- Возач на автобус 2,200 евра/ по ново 2,750 евра
- Возач – доставувач на пакети 2,100 евра/ по ново 2,625
- Магационер 1,900 евра/ по ново 2,375 евра
Угостителство и одржување
- Помошник готвач до 1900 евра/ по ново 2,375 евра
- Келнери околу 1,800 евра/ по ново 2,250 евра
- Собарки, одржување околу 1,800 евра/ по ново 2,250 евра.
На македонските граѓани за работа во Германија потребна им е дозвола за работа и престој. Работа во Германија може да се најде преку агенции коишто посредуваат за работа во странство и бројните огласи коишто се објавуваат на веб страни за вработување.