1. Министерството за одбрана има потреба од вработување на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерката за одбрана.
Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
да има општа здравствена способност,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатот покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
да има завршено најмалку високо образование VII/1 или студии со стекнати 240 кредити ЕКТС од областа на Општествените науки или Економските науки,
да има најмалку 2 две) години работно искуство.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат наведените услови.
Кандидатот кон пријавата треба да ги достави доказите за исполнување на условите наведени во јавниот оглас, во оригинална форма или копија заверена кај нотар и тоа:
Доказ за државјанство на Република Македонија,
Доказ за општа здравствена способност за работното место,
Доказ со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија,
дејност или должност,
Уверение - диплома за завршен степен на образование,
Доказ за работно искуство и
Кратка биографија.
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40;
работно време од 08:30 до 16:30;
работни денови од понеделник до петок.
Како посебни услови за работата во кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување на итни и неодложни работи.
Паричен износ на основната нето плата изнесува од 35.000 денари до 50.000 денари.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на советникот трае најдолго до истекот на мандатот на министерката за одбрана на Република Македонија.
Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛЛИЦИРАЊЕ
Нето плата од 35.000 до 50.000 денари: Вработување во Министерството за одбрана
Featured jobs
-
Бараш работа во здравство? Неуромедика вработува на четири позиции!
4 слободни позиции, аплицирај!
-
Плати од 30.000 до 45.000 денари - SUSHICO има потреба од 13 вработени
4 слободни позиции
-
Слаткарница „Палма“ вработува ПЕРСОНАЛ за работа
добредојдени се кандидати со минимум средно образование
-
Текнопанел вработува кандидати на повеќе позиции
4 слободни позиции-аплицирај!
-
Плата од 33.000 до 55.000 денари: Огласи за работа во Салваторе – автентичен италијански ресторан во срцето на Скопје!
Салваторе Ресторан Скопје нуди уникатно гастрономско искуство со совршен спој на италијански вкусови и префинета атмосфера.
-
Неделен пресек на огласите: Работни места со плата над 40.000 денари
Оваа недела, ги издвојуваме најатрактивните работни места со плата над 40.000 денари. Ако барате нова работа со конкурентни услови, не пропуштајте ја оваа можност за да аплицирате!