Компаниите не можат да издржат нов бран заболувања на вработените од коронавирусот и отсуства од работа
Државата да најде механизам вработените барем да се тестираат два пати месечно преку евтини ртестови. А синдикатите да разберат дека доколку фирмите продолжат да работат без работници, нема да опстојат, па прашање е кој ќе ја дели платата.
Извршниот директор на Стопанската комора на македонија, Антони Пешев, вели дека комората била погрешно разбрана во јавноста оти сака работниците што не сакаат да се вакцинираат, на свој грб да ги плаќаат антигенските тестови.
„Јас мислам дека државата мора да најде механизам, па ако ништо друго, да направи скрининг. Да се обезбедат евтини тестови и да се прави скринингот одвреме навреме, до два пати месечно, да се прават тие тестови по нуиски цени“, поентираше Пешев.
Според него, мора да разбереме дека клучното прашање сега е дали сакаме фирмите да продолжат да работат или сакаме да се затворат.
„Бидејќи, со постојаните отсуства од работа на работници заболени од ковид, кога по 20 отсто од вработените постојано се надвор од производниот процес, не може да се продолжи работењето“, вели овој бизнисмен.
Според него, особено се во ризик компаниите каде што се работи на затворен простор, и каде што не може да се обезбеди потребната дистанца.
„И наместо да се чудиме што следно ќе се случи во таа насока и како да ги натераме луѓето кои не сакаат да се вакциниртаат, бидејќи има серија недостатоци во процесот на едукација, цениме дека треба да се направат максимални напори барем процесорт на производство да не трпи. Ова решение што го предлагавме за задолжително тестирање, го предлагавме не за да ги стимулираме тие што не се вакцинираат да продолжат да не се вакцинираат. Напротив, нашата цел е колку што можеме повеќе да бидеме колективно имунизирани. Да биде јасно, ако треба да се тестираат вработените, тоа нема да биде на товар на компаниите. Тоа некако остана недефинирано. Ние не преговараме за тоа. Ако државата не планира да врши тестирање, компаниите ќе го направат тоа што ќе го направат, и ќе одлучат сами дали ќе тестираат и како. Нема што државата да им кажува како и кога ќе тестираат. Имаме и компании кои постојано тестираат еднаш неделно. Тие што произведуваат лекови, храна. Целта е или државата да го плати тестот, па да не биде на товар на компаниите, или да си го платат тие што не сакаат да се вакцинираат. Нормално, ние не инсистираат да се вакцинираат оние што имаат некакви здравствени проблеми“, рече Пешев.
Пешев предупреди дека капацитетите на нашите компании не се во состојба да издржат уште еден локдаун.
„И, резултат ќе биде тоа дека компаниите ќе затворат, па сите барабар, и ваксери и антиваксери, ќе си одат дома, без работа“, рече Пешев.
Тоа се однесува и на реакциите на Синдикатите.
„Нека поседат уште малку синдикатите во овој филм во кој живеат, и после ќе дебатираме околу непостоечки компании. И после ќе разговараме дали ќе има некој да им ги исплати заостанатите плати“, рече Пешев.
Тој не го разбира стравот на граѓаните од вакцинирањето. Вели, ако е проблем типот на вакцините, можеше да се разговара за други видови на вакцини. Многу студии покажаа дека луѓето немаат никакви проблеми од вакцините, наспроти големиот број смртни случаи од ковид.
„За разлика од Комисијата за заразни болести, нам работодавачите не ни е битно дали работниците се прележани или вакцинирани. Нам ни е битно тие да бидат имунизирани“, рече Пешев.
За фирмите е прифатлива за разговарање и иницијативата од Синдикатот да се даде еден ден слободен после вакцинирањето на работниците, бидејќи во тој ден тие може да имаат симптоми од вакцината.
„Сега се создадоа лицитации кој ќе го плати тестот. Секој нека го направи тоа што мора да го направи. Ќе си дочекаме работниците сите да го прележат ковид, но тоа е погрешно. Сакаме да се создаде ситуација во која функционирањето на компаниите ќе биде лочично и остварливо. Ние компаниите, за разлика од државата која има буџет и може да влезе во буџетски дефицит, ние немаме таков буџет“, нагласи Извршниот директор на комората.
На прашањето како ќе се решава овој проблем, вели:
„Ако ме прашувате мене, јас би бил радикален, и би вовел задолжителна вакцинација. Државата да пропише задолжите вакцинирање. Но, тоа не е моја работа. Прашањето е што ние во мпоментов немаме таква мерка“, рече Пешев.
Тој предупредува и на новиот сој на вирусот, омикрон, а компаниите не можат да издржат уште еден брат на ковид. Оваа пандемија нема да заврши ни сега, ни за еден месец, туку ќе трае најмалку уште една година.