Израелската влада го одобро повторното воведување на контроверзната програма за следење на граѓаните
На почетокот на пандемијата Израел го одобри следењто на своите граѓани преку мобилните уреди за да се контролираат меѓусебните контакти и така полесно да се следи ширењето на корона вирусот.
Овој пат, како што тврдат од израелската влада, носителите на другите варијанти на корона вирусот нема да бидат следени, а не е во план да се следат ни луѓето кои контактирале со лица заразени со омикрон варијантата. Ова не е широко користење на технологијата за следење на сите заразени, како што беше случај со претходните бранови на пандемијата. Засега, одлучено е надзорот да трае до четврток на полноќ, но и дека за продолжувањето ќе се дискутира на дневно ниво.
Ако дојде до поголемо ширење, програмата ќе биде укината, но не е дефинирано што е поголемо ширење и дали постои временски рок до кога таквиот надзор ќе може да се практикува.
Минатата година во земјата беше прифатен закон кој на безбедносната служба Shin Bet и дава одобрение за користење на податоците од мобилните уреди и другите осетливи информации за да ги следи жителите нна Израел кои се заразени со корона вирусот и нивните контакти. Тој закон од самиот почеток поттикна протести и критики од здруженијата за заштита на приватноста, но израелската влада тврдеше дека токму тој закон им овозможил да го органичат ширењето на вирусот, Како што истакнуваат, повторното активирање на таквиот надзор ќе им овозможи и контрола над омикрон варијантата.