Модниот трговец на мало „H & M“ забележа малку повисок од очекуваниот пад на профитот за кварталот и изјави дека ќе треба да се намалат цените за да успее да се ослободи од непродадениот инвентар. Како резултат на тоа, цената на акциите на компанијата опадна за повеќе од 4 отсто, објави „Ројтерс“.
Шведската компанија, чија добивка падна во последните две години, бидејќи се помалку потрошувачи ги посетуваат и купуваат од продавниците на истоимениот бренд „H & M“, изјави дека профитот пред даноците за периодот од март до мај се намалила за 22% на годишно ниво до 6,01 милијарди круни (578 милиони евра).
Аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“ предвидуваат просечно намалување од 21%.
„Првата половина од годината беше нешто повеќе предизвик, отколку што првично мислевме. Веруваме дека сепак има некое подобрување и дека ќе одбележиме посилно второ полугодие“, изјави главниот извршен директор Карл-Јохан Персон.
Вториот по големина моден трговец на мало во светот – по сопственикот на „Zara“, „Inditex“, рече претходно во јуни дека продажбата за кварталот март-мај останаа без промена, откако се намалил во претходните два квартали.
Инветарот и намалувањата постепено се зголемуваат во текот на изминатите неколку години. Како што аналитичарите очекуваа, тие повторно се зголемија во текот на вториот квартал до крајот на мај – инвентарот со 13%, а намалувањата со 1%.
denar.mk