Според податоците на Евростат, невработеноста во Еврозоната во октомври месец изнесувала 7.3 %, што е за 0.1 % помалку во однос на септември кога изнесувала 7.4 % и за 1.1 % во однос на октомври 2020 година, кога изнесувала 8.4 %.
Невработеноста во ЕУ во октовмри оваа година изнесува 6.7 % и, како што наведува Евростат, е стабилна споредено со процентот во сепетември и е намалена од 7.5 % колку што изнесувала во октомври минатата година.
Евростат проценува дека 14.312 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 12.045 се во еврозоната, биле невработени во октовмри 2021 година. Споредено со септември 2021 година, бројот на невработените лица се намалил за 77.000 во ЕУ и за 64.000 во еврозоната. Споредено пак со октомври 2020 година, невработеноста е намалена за 1.650 милиони во ЕУ и 1.564 милиони во еврозоната.