"Секогаш се трудам да научам нешто повеќе за мојата работа и тоа ме мотивира уште повеќе"
Самиот збор "работа" значи дека треба да се потрудиме да придонесеме и да изградиме еден прифатлив заемен однос, каде што на крајот ќе имаме добивка и успех.
Честопати, во нашата земја вработените како и невработените се во дилема дали да продолжат да бараат исклучиво работа по струка или да работат било што. Кој колку брзо ќе најде работа е идивидуално и зависи најчесто од образованието. Тоа зависи од луќето и не може да се генерализира.
Односот на работното место не треба да биде пречка за да се откажувате по секоја цена, напротив тоа треба да биде отскочна даска за да се изградите како личност.
За таа цел ние направивме анкета на тема: Како би го дефинирале сопствениот однос кон работата на вашето моментално работно место?
35% од испитаниците се изјасниле дека работат повеќе отколку што се бара од нив.
Поточно работам повеќе отколку што сум платен, но работата ја разбирам како главен елемент во животот - вели еден од коментарите.
За тоа колку се мотивирани и посветени на работното место, испитаниците го кажале изјавиле:
Секогаш се трудам да научам нешто повеќе за мојата работа и тоа ме мотивира уште повеќе
Сериозен сум кон работата и прецизен.
Мојата работа ме исполнува, посветен сум целосно.
Работам многу посветено кон работата и внимателно пазам на секој детал
На прашањето Дали и кои се причините за да дадете отказ?, 25% од испитаниците едногласно се сложија со следното:
Работам и тоа што не е во домен на моето образование, и ја заработувам платата на останатите колеги, бидејки мислат дека во државна институција е клати врата, земај плата.
Според коментарите и резултатите од оваа анкета, единствена причина и главен мотив за "лошиот" однос на работното место е ПЛАТАТА. Платата е дефинитивно еден од најголемите мотиватори на работното место. Работодавачите кои не исплаќаат фер плати многу брзо наидуваат на револт од вработените, и многу често, нивно заминување.