Нов Зеланд планира да ја зголеми возрасната граница при купување на цигари, со што цели кон „нација ослободена од никотин“.
Во Планот претставен се планира постепено кревање на возрасната граница при купување цигари, од 18 на 21 година, за границата да се подигне до 25 години до 2025 година.
Според Владата, овој закон ќе направи тинејџерите под 18 години потешко да се снабдуваат со цигари, или пак да бидат изложени на никотинот од постарите ученици. Планот е базиран на истражување кое покажува дека 80 отсто од пушачите започнуваат со навиката на 18 години, додека скоро 97 отсто започнуваат да конзумираат цигари пред 25 години.
„Ова е историски ден за здравјето на нашите граѓани. Ние сакаме да се осигураме дека младите нема да почнат со пушење, така што ќе го забраниме продавањето на тутунски производи на млади. Лицата кои ќе имаат 14 години кога законот ќе стапи на сила, нема да можат легално да купат тутун“, изјавила министерката за здравство Ајеша Верал.
Со овај предлог ќе се намали и бројот на продавници кои ќе можат да продаваат цигари, национално ќе се намали никотинот во тутунските производи, а ќе се забрани и продажбата на цигари со филтри, поради генералното мислење дека цигарите со филтри се помалку штетни.
„Никотинот убива околу 4.500 до 5.000 луѓе во Нов Зеланд на годишно ниво. Тоа се околу 12 до 13 смртни случаи дневно, кои се предизвикани од пушење или изложеност на чад од цигари, изјавила секретарката за јавно здравје и превенција, Џејн Чемберс.
Владиниот Предлог забележува дека овие мерки претходно не се тестирани никаде во светот, па Нов Зеланд ќе биде првата држава во светот која би ги системски би ги имплементирала. Предлог-законот ќе биде претставен пред Парламентот во средина на 2022 година, а доколку се усвои, ќе стапи на сила на 1 јануари 2023 година.