Од јануари следната година се очекува нова еднократна помош, но и редовни зголемувања на платите и пензиите за пензионерите и работниците во Србија.
Околу 500.000 вработени во јавниот сектор ќе добијат покачување на платата. Како што е дефинирано, сите оние кои работат во социјалните служби, здравството и армијата ќе добијат зголемување од околу 8%, додека останатите вработени во јавниот сектор ќе добијат зголемување од околу 7%.
Така, медицинските сестри кои сега имаат плата околу 430 евра, следната година ќе добијат 464 евра плата, додека зголемувањето на платата за оние кои примаат 500 евра месечно, следната година ќе биде 550 евра. Од друга страна, вработените во образованието кои во просек заработуваат околу 500 евра ќе можат да сметаат на зголемување а со тоа би имале плата од 535 евра.
Пензионерите од јануари ги очекува покачување на пензиите за околу 5,9%, во зависност од висината на пензијата, тоа практично значи нивно усогласување на 50 отсто од инфлацијата и 50 отсто од раст на просечната плата.
Сепак, тоа не е сé. На почетокот на годинава се очекува пензионерите да добијат еднократна помош од околу 170 евра која треба да биде исплатена во февруари. Оваа сума ќе оди на сметките на сите највозрасни граѓани, без разлика на висината на нивната месечна пензија.