![Снег на повеќе места во земјава: Еве каде има забрана за тешки моторни возила](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/6a/5700cba6-resize-820x0x100.jpg)
Поради обилни врнежи од снег, воведени се забрани за сообраќај на тешки моторни возила на повеќе патни правци во државата, информираа рано утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Со забраната се опфатени патните правци: Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Кичево (преку планинскиот премин Стража), крак Маврово – Жировница, Кичево – Охрид (преку планинскиот премин Пресека), Битола – Ресен (преку планинскиот премин Ѓавато) и магистралниот пат А2 Струга – граничен премин Ќафасан.
За останатите типови на возила, на овие патни правци задолжителна е употреба на зимска опрема.