Ако вашата професија е на оваа листа, а вие барате работа во Германија, потребно е да утврдите дали вашето ниво на квалификации е адектватно на она со кое се стекнува со истата обука во Германија. Во случај да е, имате големи шанси за наоѓање работа во Германија
Во една од економски најразвиените земји во Европа, но и во светот како што е впрочен Германија има хроничен дефицит од повеќе видови професии.
За дел од нив е потребно високо образование, но има и оглема побарувачка за стручни и технички лица со завршено средно образование.
Секоја година Германија изготвува т.н. бела листа на која се наоѓаат најдефицитарните професии кои отвораат можност за вработување на странски државјани дури и од земјите надвор од ЕУ.
Доколку вашата професија е на оваа листа, а вие барате работа во Германија, потребно е да утврдите дали вашето ниво на квалификации е адектватно на она со кое се стекнува со истата обука во Германија. Доколку е, добивате потврда од надлежниот орган на државата и имате можност да аплицирате за вработување во Германија.
Според веб страната Make it in Germany, во моментов во Германија има над 5.000 слободни работни места за доктори, како и илјадници слободни места за различни видови на инженери.
Меѓу најбараните работници со пониско образование се негуватели, медицински сестри, паркетари, ѕидари, металски работници, електричари... деталната листа на најбараните професии можете да погледнете на следниот линк.