Нема да биде мало поскапувањето на нафтените деривати доколку се задржи овој тренд на цената на суровата нафта на светските берзи.
Во денешното тргување, барел нафта се продава за 78,5 долари откако во петокот се доближи до границата од 80 долари, завршувајќи го тргувањето на 79,3.
Минатиот понеделник кога беше одредена цената во Македонија регулаторот пресмета просечна вредност на суровата нафта од 73,8 долари за барел.
Ако се има предвид разликата од скоро 5 долари по барел за очекување е поскапување за над 3 денари по литар од следниот вторник.
Во моментов, ЕУРОСУПЕР 95 се точи за 71 денар, ЕУРОСУПЕР 98 за 73 денари, а дизелот чини 63,5 денари за литар.
ИЗВОР: Прес24