Повеќето модерни автомобили се опремени со автоматизирани безбедносни системи кои се обидуваат да спречат судири. И покрај нивната ефикасност, на некои возачи им пречaт и често се исклучени. Студија покажува кои системи најчесто ги исклучуваат возачите.
Новите автомобили денес доаѓаат со голем број активни безбедносни системи кои се очекува да му помогнат на возачот во опасни ситуации и да овозможат безбедно патување со автомобил. Тие вклучуваат системи како што се автоматско сопирање, откривање на мртва точка и предупредување за излегување од лента, заедно со прилагодлив темпомат. Некои луѓе ги гледаат овие системи како чекор кон автоматско возење, додека други едноставно ги гледаат како непријатност.
Истражувањето во САД спроведено на 500 сопственици на модерни возила, го дадоа следниот резултат. Студијата покажа дека возачите го исклучуваат системот за активна безбедност главно затоа што им пречи или ги збунува. Наодот е во согласност со друга студија спроведена од Американската автомобилска асоцијација (ААА), која покажа дека системите за помош не работат постојано во реални сообраќајни ситуации.
Анкетата открива дека возачите најчесто го исклучуваат адаптивниот темпомат, кој користи радар за да го одржува пропишаното растојание од возилото пред вас. Речиси една третина (30%) од возачите ја исклучуваат оваа функција затоа што сакаат да чувствуваат контрола над возилото. Второ на листата е помошта за одржување во лента, при што 25% од возачите признале дека ја исклучиле оваа опција. Исто така, 21% од возачите ги исклучуваат системите за предупредување за излегување од лентата затоа што се активираат премногу често. Дури 22% од возачите го оневозможуваат системот за предупредување за замор или недостаток на внимание, а причината е што генерира премногу лажни аларми.
Потоа следи автоматско сопирање во случај на судир и следење на мртвите агли. Овие системи се исклучени од 11%, односно 9% од возачите. Конечно, 6% од возачите ја исклучуваат камерата за паркирање. Навистина е нејасно зошто тоа некому би му пречело…