Градоначалникот на Општина Гази Баба преку социјалните мрежи информира дека од идната 2022 година за секое новороденче во општината ќе бидат доделени по 5.000 денари, што беше дадено како ветување за време на изборите.
Од 01.01.2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5000 денари, изјави градоначалникот.
Ваква слична мерка за доделување на 8.000, односно 6.000 денари за новороденче има и во општина Аеродром, како и во општина Кисела вода.
Извор: skopje24.mk