Вучиќ тврди и дека покрај Србија, овој лек досега го обезбедиле и Данска, Литванија и Словенија
Во Србија пристигна лек против коронавирусот, кој го произведува американската компанија „MSD“, објави на Инстаграм српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Моментално овој лек го обезбедивме за 11 500 луѓе, но ќе го имаме и за 50 000 луѓе“, вели Вучиќ во видео пораката.
Српскиот претседател додава и дека лекот им помага на пациентите во првите пет дена по позитивен тест на ковид-19.
Лекот е наменет за најзагрозените
Овој лек пред се е наменет за најзагрозените групи – дијабетичари, лица со кардиоваскуларни заболувања, како и лица со прекумерна тежина.
Вучиќ тврди и дека покрај Србија, овој лек досега го обезбедиле и Данска, Литванија и Словенија, а најави и дека во првиот квартал од следната година се очекува да пристигне лек против ковид и од американската компанија „Фајзер“.