Ако прашате многу работодавачи и директори за тоа каква била 2020, но и 2021 година, кога ќе погледнат зад себе, веројатно ќе употребат некоја од следниве фрази: предизвик, ролеркостер, неизвесност… Меѓу силните епитети, се нашол и зборот „патување“, кој има поинаква конотација на англиски.
Имено, како што пишува Блумберг, омилен збор на извршните директори оваа година бил „journey“, поточно фразата „ it’s been quite a journey“ (тоа беше едно прилично патување).
Така одговориле на прашање поврзано со кризата, проследена со короната, инфлацијата и упорниот недостиг на работна сила. Директорите на компаниите кои се наоѓаат во индексната корпа „ S&P 500“ го употребиле зборот „journey“ во текот на конференциските повици – точно 3,091 пат, односно употребата на тој збор пораснала за 70 %.
Во последно време, тој е „најбрзо растечки корпоративен збор (buzzword) збор.
Изразот претходно бил ретко користен, само еднаш во 2001 година. Сега се користи да се објасни било каков вид на деловна цел.