Цените на становите уриваат рекорди. Во Центар се продаваат од 1.500 до 1.800 евра за метар квадратен. Постојат две причини за тоа, велат од градежните Комори. Првата - поскапените материјали, а втората зголемената побарувачка, а намалeните дозволи за градба.
Материјалите за поскапени од 30, а некои и до 100%, како и работната сила, која ја нема. Исто така, причина за енормниот пораст е мораториумот за градба во некои општини, а зголемениот интерес од страна на граѓаните за купување недвижнини, изјави претседателот на Градежната Комора.
Корона пандемијата, но и ниските камати на депозитите, ги сменија навиките кај луѓето. Заштедите наместо во банка, граѓаните сакаат да ги вложат во недвижнини. Тоа драстично ја зголеми побарувачката, коментираат од градежниот бизнис. Кога понудата е помала од побарувачката, јасно е да расте цената.
Изминативе 4 години во некои општини имавме целосен мораториум за градба или многу малку одобренија за градба. А интересот за купување растеше. Посебно во поатрактивните локации. Тоа драстично ја зголеми цената и мислам дека токму тоа е најважната причина за енормниот скок на цената на недвижнините, изјави претседателот на Градежната Комора.
И Народната банка од почетокот на годината регистрира пораст на цената на недвижините за скоро 6%. Во исто време.расте интересот за станбен кредит кај населението. Годшиниот пораст изнесува 16%, или граѓаните кај банките се задолжиле за милијарда и 65 милиони евра само за да купат стан.