За единствената академија за обука на пица мајстори во Македонија веќе пишувавме. Сопственикот на лиценцата врвниот маестро Зоран Јовановски тогаш ни раскажа дека со голем ентузијазам ја отворил Академијата во Македонска Каменица и тогаш зборуваше за студенти, кои доаѓаат од цела Македонија но и од странство. Учат занает и потоа продолжуваат во освојување на нови цели.
Маестро Зоран тогаш ни ја кажа и мислата дека: „ Ако научиш да правиш добра пица на било кое кое место од планетата да се најдеш, секогаш ќе можеш да се вработиш и да заработиш и да имаш пристоен живот“ –А академијата е токму тоа креатор на врвни мајстори. Разговорот го почнуваме со потсетување.
-Нашето претходно интервју беше кога академијата постоеше само една година а плановите за отворање во Шведска беа само планови...Што се случи во Меѓувреме?
-Академијата во Шведска почна со работа и веднаш склучи ексклузивен договор за обука на пица мајстори со компанијата Brödernas ( браќа ) која за неверојатно краток период отвори ланец од околу 70 ресторани во цела Шведска , во нивното мени е мојата Zoran’s SM Pizza која е една од најбараните, и засега работиме успешно.
Какви се студенти имате и кои се оние кои можете да ги издвоите?
- Во Шведска претежно се од бирото за вработување. Кај нас доагаат луѓе од сите возрасти и професии и сме имале студенти од цела Македонија. Сите што дошле кај нас освен што професионално ќе научат правење пица, стануваме пријатели и сме секогаш тука за нив.
Би ја издвоил групата која е моментално на обука. Радмила, Мартин и Зоран се со оштетен говор и слух и се први што дошле да научат да прават пица во Accademia Pizzaioli воопшто во светот. За мене беше предизвик, иако повеќето од часовите ги работиме без толкувач поминуваме прекрасно време , сите сме позитивно изненадени од леснотијата со која го изучуваат занаетот. За нив можам да кажам дека се неверојатни, трудољубиви се , вредни и многу брзо ги совладаа сите техники на правење пица во фурна на дрва и електрична печка!
Радмила и Мартин го отворија првото знаковно кафуле во Битола. Пред повеќе од една година оваа идеја ја развија во Скопје, но решија да се преселат во Битола, со што Битола го доби првото знаковно кафуле.
Имате ли успешни приказни кои доаѓаат од старана на "дипломираните" студенти од типот отвориле сопствен бизнис и сл..
-95% се успешни приказни, скоро сите веднаш почнуваат со работа. Некои се вработија тука, други заминаа во Шведска, Норвешка, Швајцарија, Чешка, Германија и Хрватска. Наши студенти отворија сопствен бизнис во Струмица, Скопје а правевме и пица Наполетана консалтинг за врвни пицерии и ресторани во повеќе градови во Македонија.
Кои се идните планови на Академијата? И оние што сакаат да се пријават каде може да го направат тоа?
Новост на Академијата е што иако официјално се водиме во Македонска Каменица, курсевите ги одржуваме во Кочани и јас како Мастер инструктор за пица се стекнав со втора златна звезда за постигнатиот успех со голем број на изучени студенти во Македонија и Шведска . Плановите за 2022 се да отвориме уште една Академија во Белград , за која веќе имаме добиено лиценца од директорот на Академијата во Италија господинот Енрико Фама! Сите што сакаат да се пријават на курсот за пица мајстори каде се изучува пица Наполетана, класична пица и Пинса Романа тоа можат да го сторат на официјалниот сајт на Accademia Pizzaioli како и на телефонските броеви 071213001 или 071314001 на Viber и Whats App +46760837791
На крајот секако мораме да прашаме Зошто пицата подготвена од вашите студенти е најдобрата?
- Нашите студенти прават фантастични пици насекаде низ Европа после само 5 дена високо квалитетен професионален курс. Се стекнуваат со знаење и интернационален сертификат од Италија. Несебично им го пренесуваме долгогодишното искуство од најпрестижната академија во светот и ги учиме на сите мали тајни, детали, финтички, финеси и техники, зачинети со селективно одбрани секогаш свежи и квалитетни продукти, соодветна температура на печење и страст во работата!