Несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето. Вакво мислење на Министерството за здравство усвоила Владата на вечерашната седница.
„Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Ова оттаму што според оваа одредба пушењето е дефинирано како ‘поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува’“, соопшти Министерството за здравство.
Извор: 360stepeni.mk