Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио објави дека жителите кои ќе ја примат третата доза вакцина против коронавирусот до крајот на годината ќе добијат 100 долари од градската управа
– Ова ќе биде најголемата програма за стимулирње во САД, и сакам да видам како ќе реагираат њујорчани… Помогнете да го направиме целиот град побезбеден, истакна Де Блазио.
Тој на брифинг предупреди њујорчаните дека се очекува сегашниот бран на ковид-19 да доведе до многу нови инфекции и дека ќе трае најмалку неколку недели. Променливиот неделен просек на случаи во градот е зголемен за речиси 123 отсто во споредба со просекот за претходните четири недели, покажуваат вчерашните податоци. Пораст од 12 проценти е забележан и кај хоспитализираните лица.