Недостатокот на јод во организмот се манифестира со лоша концентрација, недостаток на енергија, екстремен замор, депресија, лош тен, опаѓање на косата и слаба и кршлива коса.
Освен тоа, може да дојде и до отоци на рацете, нозете, слабо отчукување на срцето и грчеви во мускулите.
Прекумерното таложење на килограми исто така е една од појавите кои се случуваат поради недостаток на јод бидејќи овој елемент е еден од најдобрите катализатори на оксидацијата во нашиот организам.
Јодот првенствено игра улога во работата на штитната жлезда. Во неа се наоѓаат 70 до 80 проценти јод, но тој е важен и за другите нешта како мозокот, кожата, желудникот, тимусот, панкреасот и церебралната спинална течност.
Недостатокот на јод во било кој од овие делови на телото доведува до негова дисфункција.
Доколку установите дека на вашиот организам му недостасува јод, консумирајте храна богата со јод. Најмногу го има во морската риба, морските плодови, морковот, спанаќот, ротквата, грашокот, компирот, печурките, јагодите, бананите, зелката, кромидот, салатата и жолчката.
Исто така, јодот можете да го надоместите и преку кожата. Повремено добро е да ја намачкате кожата со тинктура од јод.