Иако оваа година се планираат според квотите на Министерството за внатрешни работи да се ангажираат 500 сезонски работници, сепак и тоа ќе биде малку за Славонија каде се потребни берачи на грозје.
Во Славонија и Барање фалат работници за кроење лозје, така што некои фирми мораа и своите книговодители да ги изнесат на терен за да работат.
Се иселуваат и луѓе со навршени 60 години, што е незамисливо“- вели Жолтан Пинкерт за Dnevnik.hr.
И додека едните се иселиле, другите подобро им е да примаат социјална помош, се жалат произведувачите.
17 куни (2.29 евра) по час се нудат за берење јаболка или грозје во Барање.
Произведувачите велат дека заради многуте давачки, не можат да им парираат на цените на море и во странство.
Поради немањето работници се намалуваат површините и се откажуваат нови инвестиции.