Кога ќе смените работно место се соочувате со многу нови работи, предизвици, а понекогаш и разочарувања. Во некои случаи вработените не се задоволни од новите колеги, некогаш новата работа им е премногу тешка, а други се разочаруваат зашто улогата што им е дадена во новата компанија не е тоа што се нудело на оглас.
Но, најчесто, со оглед на тоа дека само што ја добиле работата и дека јасно им е дека таму на долг рок нема место за нив, тие остануваат на новото место. Со работното место не се задоволни и не даваат максимум, па затоа компанијата каде што работат губи со тоа, а и вработените не се задоволни и немаат максимален потенцијал. На крајот даваат отказ и повторно почнуваат да бараат нова работа.
Извршниот директор на компанијата Trainual, Крис Ронцио, има едноставно решение. На сите нови вработени им дава примамлива понуда – после две недели на новото работно место им дава 5.000 долари за да дадат отказ.
Иако нам можеби ни изгледа како да нема смисла, Ронцио објасни зошто тој метод е ефикасен и зошто на долг рок се штедат пари. Тој вели дека е битно да знаат дали ги пронашле вистинските луѓе. Ако новите вработени не се задоволни со работното место и од Trainual очекувале повеќе, нивното незадоволство ќе се забележи во работата.
Колку подолго работат на работно место што не го сакаат, толку се понезадоволни, а ефикасноста е помала. На крајот ќе ја напуштат компанијата, а барањето нови кандидати, обуките и вработувањето чинат пари. Вкупната сума е многу поголема отколку 5.000 долари, колку што им дава на вработените тој после две недели, објаснува Ронцио.
Извор: inovativnost.mk