Икеа е популарна продавница позната по добрата брза храна, бесплатните моливчиња и ефикасните упатства за монтирање на мебел. Секако е место каде може да најдете екстра цени за парчето мебел што ви треба. Но, секогаш треба да внимавате да не ги правите вообичаените грешки при купување во Икеа. Ова се најчестите осум грешки кои експертите препорачуваат да се избегнуваат за да заштедите најмногу време и пари.
1.Не мерите пред да купите
Се чини дека нема смисла, но потребно да се напаравт неколку мерења пред да појдете во Икеа. Но, ако имате проблем со визуелизација на вашиот простор и новиот мебел во него, Икеа направи апликација Ikea Place app за оваа намена. Коростејќи ја технологијата на проширена реалност (AR) апликацијата ќе ви помогне да направите фотографија од вашата соба а потоа да видите како повеќе од 2000 парчиња мебел се вклопуваат во неа.
2. Не ги проверувате опциите однапред
Повеќето ИКЕА продавници функцинираат како изложбен простор, продавница и магацин па може да биде катастрофално ако дојдете неподготвени. Ако дизајнирате некој простор прво побарајте каталог. На тој начин ќе направите првична селекција, а може да ги искористите и Икеа онлајн планерите на соби. Исто така помага ако направите список за купување онлајн и ги имате сите шифри на производите за кои сте заинтересирани.
Откако ќе го направите пред-купувањето, онлајн може да проверите и дали избраното го има на залиха во продавницата во која купувате. Со тоа ќе заштедите многу време и нерви.
3. Не знаете да се движите во продавницата
Повеќето Икеа продавници се огромни и лесно може да се изгубите во лавиринтот од соби. Затоа на влезот земете мапа на продавницата со што ќе заштедите многу време движејќи се таму каде што се производите кои ви требаат.
4. Не сте дел од лојална програма
Најдобар начин да заштедите пари е да се придржувате кон Ikea Family лојалната програма. Таа е бесплатна и нуди попусти и промоции. Членовите на програмата може да користат 90-дневна заштита за купување која значи дека ако купите нешто кое потоа се продава по пониска цена, може да добиете поврат на разликата во цена.
5. Не правите пауза
За време на долгото шетање и купување низ продавницата, направете пауза во популарниот Икеа ресторан. Не само што храната е навистина вкусна, туку паузата дава шанса да размислите што сте купиле и што уште ви останува. Може да си направите приоритети. Исто така во Икеа рестораните понекогаш може да добиете и бесплатен оброк.
6. Не ја користите можноста извесно време да бидете сами
Понекогаш ви е потребно да бидете сами, без деца додека купувате. Повеќето Икеа продавници нудат и бесплатна грижа за деца од 4 до 10 години од еден час. Со тоа ќе заштедите време и полесно ќе го завршите купувањето.
7. Го прескокнувате одделот As-Is
Ако сакате попуст треба да отидете во одделот “As-Is”, кој обично е во магацинскиот дел на продавницата. Таму се наоѓаат парчиња кои купувачите ги вратиле, оние кои веќе не се произведуваат или се со мало оштетување. Некои производи овде може да бидат поевтини до 50%, а на повеќето локации во среда има попуст од 10%.
Уште еден попуст на кој треба да внимавате- жолти ознаки “последна шанса“!
8. Не купувате во најдобро време
Во најлош случај Икеа може да биде преполна со купувачи што значително го отежнува купувањето. Ако сакате помирно искуство експертите препорачуваат да купувате во ‘off hours’. Најдобро време според некои експерти е сабота навечер после 18 часот. Септември месец обично е многу гужва поради студентите кои тогаш опремуваат станови, па овој месец е добро да се избегнува.
Извор: inovativnost.mk