700.000 денари за поставување на хипер-мрежа на сензори за мерење и локациско мапирање на аерозагадувањето во главниот град. Со овие средства ќе треба да се постават стотина сензори за мерење на аерозагадувањето на градски институции и средни училишта, но и во општини каде што нема ниту една мерна станица, како Шуто Оризари.
Целта на хипер мрежата е да дознаеме од каде доаѓа загадувањето на воздухот и полесно да го спречиме. Сензорите, иако се нискобуџетни, имаат отстапување помало од 10 микрограми на кубен метар, што значи дека даваат точни резултати од кои може да се извлечат информациите кои се потребни.
Овој тип на сензори се користат секаде во светот, а подолго време има и кај нас и нивните мерења може да се следат преку апликацијата AirCare – Air Quality App. Секако дека тие податоци нема да се користат во научно- истражувачки цели како оние од државниот мониторинг, но даваат сосема солидни информации, особено за она што нас ни е цел, да алармираат ако на некоја локација има зголемено загадување на воздухот и со тоа да помогнат да се откријат загадувачите во градот.
Извор: meta.mk