Се чисти дното на Охридското езеро, Охрид се подготвува за големиот празник Богојавление - Водици. Иако со скратена програма поради ковид пандемијата, осветувањето на водите на Охридското Езеро и одбележувањето на големиот верски празник оваа година ќе се одржи.
Традиционално точно во 10 часот од светилникот на Градското пристаништето, Светиот крст во езерото ќе го положи митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Подоцна односно напладне, кај месноста „Сараиште“ ќе се спроведе светото крштевање на верници.
За безбедноста на верниците што ќе влезат во осветените езерски води ќе се погрижат охридските нуркачи и екипи на Црвениот крст. Се апелира посетителите да се придружуваат до ковид мерките.
Поради епидемијата од Ковид-19 минатата година празникот Богојавление-Водици мина без масовно собирање и традиционалното фрлање на светиот крст во водите на Охридското Езеро. Сега се откажува прославата на Денот на рибарите на 20-ти јануари.
Извор: 24.mk