Вашиот став е клучен фактор во секоја потрага по ново работно место. Позитивниот став може да ви помогне многу повеќе од негативниот став. Негативниот став може да се манифестира преку недостиг на волја за барање на работа, помислата дека никој не ја чита вашата биографија, доживување на себе си како неспособен итн. На другата страна, позитивниот став може да ви помогне онолку колку што негативниот може да ви наштети.
1. „Јас можам“
Создадете си слика во својата глава, визуелизирајте со што би можеле да се соочите на потенцијалното место. Имајте на ум дека се можете да остварите ако имате план и желба.
2. „Јас сакам“
Добра волја, иницијатива, желба за учење – сите ги поседуваме овие особини. Во текот на интервјуто не претерувајте со ентузијазмот, може да звучите очајно. Но, отворен поглед, опуштена положба на рамениците и блага насмевка можат да бидат многу продуктивни.
3. „Јас сум друштвен“
Не морате да бидете во центарот на вниманието на секоја забава, или на секому да му бидете на услуга, но секогаш треба да бидете личност која соработува.
4. „Јас сум одлучен/а“
Тоа значи дека цврсто ја сакате оваа работа. Секогаш недвосмислено одговарајте за причините кои ве натерале да конкурирате. Платата е битен аргумент при потрагата за работа, но од кога ќе ја добиете првата плата ќе сфатите дека таа е само дел од работата која сте ја избрале. Не се ограничувајте само на материјалното при изборот на работата.
5. „Јас сум компетентен“
Вие ја извршувате својата работа, и притоа сте експерт за тоа подрачје. Вие сте компетентни за својата работа. Во ниту еден момент, не дозволувајте некој да го доведе тоа во прашање. Ако постојат обиди, јасно аргументирајте и покажете го своето знаење.