Аналитичарите споделуваат кои се петте индустрии кои ќе доживеат бум и кои се „ин“ доколку некој планира да почне бизнис.
Во последните години многу се зборува за легализација на марихуаната. Таа е дозволена за медицински цели во 29 сојузни држави на САД, а 9 целосно дозволуваат употреба на марихуаната. Во 2016 година заработката од марихуана беше 7 милијарди долари, а до 2020 година ќе изнесува 24 милијарди долари.
Благодарение на виртуалната стварност, се предвидува дека до 2021 година компаниите ќе имаат приходи од 75 милијарди долари.
Дроновите првично се користеле за воени цели, но денес се употребуваат и за достава на производи. Оваа индустрија дефинитивно има иднина.
Се отвораат агенции за инфлуенсери, а лани овој бизнис „тежел“ 10 милијарди долари, додека во 2018 година ќе има раст и за 20 проценти.
Во 2017 година криптовалутите доживејаа процут, и оние кои вложиле претходно, во декември лани имаа добра заработка, но треба да се биде внимателен.