Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, прославениот американски тенисер Андре Агаси, по прв пат отворено проговори за несогласувањата кои ги имал со српскиот тенисер.
Во интервјуто кое го дал за британскиот „Гардијан“, Агаси изнел некои детали за српскиот тенисер.
-Јас работев со него додека имаше повреда на лактот. Отсекогаш проблемите беа поврзани со тоа. Постоеше надеж дека заздравувањето ќе тече природно, но јас не бев љубител на тој избор. Самиот одмор не беше добар избор по мое мислење. Кога во август ги видов резултатите од тестирањето, бев многу јасен. Му советував операција и тоа веднаш, бидејќи тоа ќе го решеше проблемот еднаш за секогаш- рекол Агаси.
За потсетување, Новак после Вимблдон 2017 година, поради повреда на лактот, пазурише 6 месеци. Заигра на Австалијан опен, но повторно имаше проблем со лактот, па во февруари отиде на операција.
Американецот смета дека исхраната на Новак влијела на тоа побавно да заздравува.
-Немаше ниту сила, ниту енергија, но тоа е нешто што тој самиот мора да го открие. Од секогаш верував во тренинг на силата, секогаш верував во здрава исхрана и кванитет на протеини во исхраната. Со години работел по свое-рекол Агаси.
извор: република.мк