Авион кој полетал од Мајами за Лондон морал да се врати на пистата по повеќе од 800 километри лет, затоа што патничка одбила да го почитува правилото за задолжително носење заштитна маска.
Полицијата опиша како 40-годишната жена повеќе пати одбила да стави маска поради што пилотот бил принуден да го сврти авионот и да се врати на пистата во Мајами за жената да биде уапсена.
Според вработените во авиокомпанијата, вакви работи се случуваат секој ден, како и често се случува патниците по предупредувањата да почнат да се закануваат на некој од патниците или екипажот на авионот.
Статистиката покажа дека вакви работи се случуваат во просек на околу 16 летови дневно.
„На работа одам со страв од сето тоа што може да се случи во текот на летот. Никогаш не може да знаете што може да се случи, на кој ќе наидете и колку ќе биде лут. Во последно време, наидуваме се почесто на такви патници, не е баш едноставно’, изјави една од стјуардесите.
извор: kajgana.com