Растот на пензиите ќе продолжи и оваа година. Покрај законското усогласување кое редовно се исплаќа два пати во годината, за јануари и јули, се прават последните подготовки за посебно, дополнително зголемување на пензиите.
Тоа значи дека околу 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања, што е особено важно ако се земе предвид енергетската криза и последиците од неа врз животниот стандард на граѓаните.
Фондот за пензионско осигурување е во стабилна финансиска состојба и подготвен да издржи дополнително зголемување на пензиите.
Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време.
Дека и покрај енергетската криза, економијата е стабилна покажува и податокот за раст на просечната плата, која во ноември 2021 година изнесува 29.130 денари, односно е за 5.6 отсто повисока од истиот месец од 2020 година.