АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ИЗВЕСТУВАЊЕ: На ден 24.01.2022 на автопатот Кичево-Охрид ќе се изврши минирање во времето од 15 до 16:30 часот.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежутните екипи на ЈП Македонијапат .
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ОДРОНИ: На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите дека од 15 Ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2022 година. Повеќе детали за задолжителната зимска опрема ќе најдете ТУКА .
извор: amsmspi.mk