Барате нова работа, но не знаете што точно барате, можеби ќе ја промените кариерата, но не знаете во кој правец да се упатите. Сакате нешто да промените но не сте сигурни во вашите желби, стравувате од непоребното разочарување.
Ова се советите кои ќе ви помогнат да не влезете во некој оглас-замка, совети кои ќе ви помогнат при изборот и одлуката како да одберете нова работа.
Компанијата без морал не е добро место за вас
Многу е важен факторот-филозофијата на компанијата. Ако на пример, компанијата ве принудува да продадете производ без оглед на неговиот квалитет, неповолната цена па дури и ве учи на кој начин да ги злоупотребите и излажете клиентите, бегајте подалеку, не ви е потребна ваква компанија.
Дали можете да ја работите таа работа?
Одговорот на ова прашање мора да го знаете пред да испратите CV на објавениот оглас. Размислете дали сте доволно обучени за таа работа, дали таа е физички напорна, дали се пронаоѓате таму и дали ќе можете работните обврски да ги извршувате навремено и со задоволство.
Дали воопшто ви се допаѓа таа работа?
Истражете ја компанијата, нејзините вработени, шефови. Истражете што точно бара компанијата, односно каков вид на работник, доколку пишува соработник во маркетинг, тоа може да биде и личност која ќе дели флаери. Информирајте се!
Промената на вработените говори за компанијата
Распрашајте се колку често оваа компанија ги менува своите вработени, која е причината за тоа. Доколку сте во можност пронајдете некој од познаниците кој работел таму и разговарајте за состојбата на компанијата. Доколку забележите дека вработените постојано се менуваат, едни си одат други доаѓаат, без особена причина, тоа не е компанија за вас.
Нема хемија, нема работа
Не ви се допаднало на интервјуто за работа. Што би барале понатака? Работите се разоткриваат веднаш, доколку нешто не ви се допаѓа (но без претерување, тоа не треба да биде физичкиот изглед на оној кој ве интервјуирал) не треба да се залагате за понатака, побарајте нешто друго.
Прашајте за платата навремено
Бидејќи ретки се оние кои платата ја запишуваат во самиот оглас, веднаш лично прашајте ги за платата. Паричните средства кои ги примате за извршувањето на некој вид на задача се примарна цел и важен индикатор за тоа дали треба да ја прифатите работата. Доколку сте во потешка финансиска ситуација согласете се привремено да работите и за некоја плата која е помала од очекуваната.