Директорот на Агенцијата за вработување, информираше дека вкупно 16.073 граѓани добиле отказ од работното место поради пандемијата на корона вирус.
Од 11 март 2020 година, вкупниот број на работници 16.073 се одјавени врз база на тоа дека поради кризата го загубиле работното место. Во Агенцијата за вработување со состојба од 31.12.2021 година е регистрирано дека вкупниот број на активни баратели на работа се 130.982 и 54.618 кои се пријавуваат на шест месеци.
Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и се движи околу 40 илјади лица. Во Агенцијата за вработување има 185 илјади неваработени од кои 131 илјада се активни а 54 илјади се пасивни баратели на работа.
извор: www.vecer.press