Претходно овој месец, корисник на Twitter објави дека повеќе нема да ги објавува плановите и распоредите за патување на Маск во обид да ги „чува Илон и неговото семејство безбедни“, на што Маск одговори дека јавните објави за неговите планови за патување започнале да се претвораат во „безбедносно прашање“.
Сепак, се верува дека Маск веќе некое време се обидува да ги затвори сметките на Twitter кои ги следат и објавуваат неговите планови за патување, пишува Entrepreneur.com
Профилот, кој има повеќе од 93.000 следбеници, го следи движењето на приватниот авион на Маск преку бот користејќи податоци од сателитскиот систем ADS-B, се вели во неговиот опис.
Свини тврди дека Маск му напишал: „Можеш ли да ја затвориш оваа сметка? Тоа е безбедносен ризик“. Свини му одговори на милијардерот: „Да, можам, но тоа ќе те чини Модел 3. Само се шегувам, освен ако?
Двајцата размениле повеќе забелешки, а типично во негов стил, Маск рекол, „дека не му се допаѓа идејата да биде соборен од некоја будала“.
Главниот извршен директор на „Тесла“ потоа му понудил на Свини 5.000 долари за целосно затворање на сметката.
„Некоја можност да се зголеми тој износ на 50.000 долари? Тоа ќе биде голема помош за колеџот и ќе ми овозможи да купам автомобил, можеби дури и Модел 3“, му напишал Свини на милијардерот, кој изненадувачки одговори дека ќе размисли за тоа.
Последната порака од профилот била пред еден ден и покажува дека авионот на Маск слетал во Остин, Тексас.
„Го надгледуваме авионот, а не кој може или не е во авионот“, се вели на профилот.