Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје, донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1.3.2022.
„Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП ‘Градски паркинг’, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање – во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.
извор: denar.mk