„Ние влегуваме во драматичен недостиг од експерти и генерално работна сила ако не реагираме порешително“, кажа германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Додаде дека Германија треба да ги засили програмите за квалификација и да го интензивира доселувањето на работна сила.
Укажа на загрижувачкиот податок според кој десет отсто од учениците не завршуваат средно стручно образование.
„Тоа е застрашувачка бројка, тоа не смее така да остане. Ако зборуваме за недостиг од експерти, ова е првата тема која мора да ја отвориме“, истакна Хабек.
Според најновите проценки, на Германија во моментов ѝ недостигаат 1,2 милиони работници, од кои две третини стручни. Најголемиот недостиг е во ИТ, угостителскиот и медицинскиот сектор.