Данска од денеска ги укинува речиси сите мерки и покрај се поголемиот број на новозаразени со коронавирус
Данците, меѓу другото, повеќе не мора да носат маски и да покажуваат потврди за прележан ковид-19, се укинува и скратеното работно време и повторно се дозволени поголеми собири. Вечерва се отвораат и ноќните клубови, a во продавниците може да влезат неограничен број на клиенти.
Големиот број на вакцинираните во земјата се смета за главна причина поради која здравствениот систем останал во добра состојба.
Повеќе од 60 проценти од луѓето се вакцинирани со третата доза.