Долги години, дел од Македонците од Албанија поради работа и образование, а со цел обезбедување на подобри услови за живот, мигрираат во Македонија. Оваа појава не е масовна, но сепак постои.
Се вработуваат во различни бранши во приватниот сектор, а дел има и со ангажман во државен сектор. Мигрираат луѓе од различни возрасни групи. Некои од нив се често на релација Македонија – Албанија и кога се воведуваа мерките за карантин, тоа за нив претставуваше проблем.
Македонците од Албанија најчесто се преселуваат во Охрид, Прилеп, Струга. Додава дека Голо Брдо беше заборавен крај, посебно до отворањето на граничниот премин. И денес нема добри услови за живот.
Во соседна Албанија живеат околу 120.000 Македонци. Тие во Република Албанија живеат во педесетина села долж албанско-македонската граница во областите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле или Долни Дебар и неколку села во околината на Корча, Подградец и Билишта.
Освен во селата, Македонците се сконцетрирани и во градовите Тирана, Драч, Елбасан, Кукс, Корча, Каваја, Билишта, Подградец, Либражд и други.
извор: faktor.mk