Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека до крајот на 2023 ќе се укине персоналниот данок во ИТ-секторот, со што вработените, кои инаку имаат најголеми плати во Македонија, ќе се стекнат со уште поголеми приходи.
„До 2023 година, предвидуваме намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни се повеќе работници“, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Се предвидуваат и други стимулативни мерки во овој сектор, како ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата.
Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денеска беа во посета на компанијата „Меџикс“.