Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголеми за половина, а на дизелот за еден денар - според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Овие цени ќе важат во следните две недели.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 68 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 изнесува 69.5 денари за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е-V) изнесува 60 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 48.5 денари за литар, а цената за килограм мазут М-1 НС изнесува 28.72 денари.
Доколку во следните две недели посетите бензинска пумпа, за 1.000 денари ќе добиете:
- 14.706 литри ЕУРОСУПЕР БС – 95
- 14.388 литри ЕУРОСУПЕР БС – 98
- 16.667 литри ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е-V)
- 20.618 литри Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1)
- 34.819 килограми мазут М-1 НС
Во однос на истиот период минатата година, најголем е растот на цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е-V) – за 7.5 денари од литар.